август 2010
ВО ВИНОТО Е ВИСТИНАТА, А ВО РАКИЈАТА ГЛУПОСТИТЕ…
Од еден така “загреан“ муабет, испадна една интересна идеја и заврши како фантастична авантура.
Во девет денови на велосипед поминавме 1840 км и од централна Швајцарја стигнавме во Македонија.
Денови кои без да осетиме се впрегнаа во нас и ќе не придружуваат до крајот на животот. Не заради тоа што беа не секојдневни, многу повеќе, што во тие денови ги доживеавме работите поинаку од досега. Ни стана јасно дека брзината е релативна, дека на светот има многу повеќе добри луѓе и дека човекот е спремен и на нечовечки напори ако стварно сака да ја оствари зацртаната цел.
=============================================================================
Првите 10 или 15 или 20 км беа само нагоре…
21.07.2010
Скроз најодморени и со утринско кафе го почнавме петиот ден од нашиот пат за Македонија…
Првите 7 км т.е. до излез од Љубљана на својот велосипед РОГ (кој можеби и самиот го направил) не спроведи Авни – најбрзо. Патот не носеше по течението на реката Сава па затоа немавме големи нагорнини па можевме малку да уживаме во природните убавини покрај патот. А на истиот пат ја видовме и највисокта бетонска градба во Европа – оџакот на термоелектраната Трбовље – 360м. По течението на реката Сава имавме можност да видиме и неколку помали хидроелектрани и секоја со мало езерце кои беа искористени како место за релаксација или резервари за наводнување – Европа бе! Некаде околу ручек ја поминавме и границата Словенија/Хрватска и одма почнавме да жалиме за убавите патишта…
Во Самобор се осигуравме со пари и седнавме во ресторант да ручаме и одмориме – преку ручек – да не возиме по најжешкото. После одморот од едно саат и пол – два продолживме преавец Загреб. Како наближувавме накај Загреб така патиштата беа се подобри. Во Загреб доживеавме и позор и презир. На еден од многубројните семафори еден автомобилист не праша од каде идиме, каде одиме и ни се чудеше на “проектот“,но ни посака среќен пат. На другиот крај од градот каде прашувавме за патот еден прост или арогантен возач дури ни збор не сакаше да ни преговоре – не пак да ни каже каде е правиот пат. Но и без негова помош – имаше доволно други луѓе кои беа спремни да ни го кажат патот зедовме правец за Иваниќ Град/Новска. После неколку поминати тезги на кој се продаваа лубеници, ни се отвори апетит да се освежиме со лубеница. Но од кога се договоривме да на следната тезга си купиме лубеница – лубеници не видоме веќе! Ама па затоа се изнајадиме праски. Во Хрватскиот град Поповача не замрачи а воедно најдовме и прилика за спиење во пансионот “код Маце“. На можноста за туширање бевме среќни, ама поради “чистотата“ на собата решивме да спиеме на креветите ама во нашите вреќи.
22.07.2010
Го почнавме денот како и секогаш досега во 05 часот. Се спремивме и патот под нози (под тркавала!)
Како и досега на нашето патување за “расонување“ употребивме едно 40-50 км па во Новска појадовме бурек и јогурт (кафе немаа толку сабајле). Продолживме по патот кој на картата изгледаше дека треба да оди по полето, ама во стварност се качивме и слегнавме на секое ридче шо го има во Славонија. Убавото на сето тоа беше што како за среќа нагорнините беа стрмни и кратки, а надолнините благи и долги. Некаде пред пладне повторно почнавме да гледаме каде ќе најдиме некоја тезга со лубеници, но кога не ти е пишано да јадиш лубеница – ќе јадиш праски. Барајќи тезга со лубеници и спуштајќи се по безбројните надолнини дојде до ново изненадување од техничка страна. На мојот точак почна да “гребе“ некој лагер. Поминаа неколку минути со неубав осеќај дека ни претстојат поголеми проблеи – ама за среќа утврдивме дека лагерот кој гребе е од касетата на задните запчаници, па заеднички потврдивме дека “нема проблем“. Продолживме да возиме по Славонија по патот на кој од двете страни човеците ако не пред секоја втора ама сигурно пред секоја трета куќа травата ја косеа – кој со шо има, од најобична коса до скоро тракторски косалки. Исто така забележавме дека секој нешто продава. На безбројните натписи на патот нудеа од “одојци“, прасци, јаганци, ракија, коли, трактори, комбајни па и куќите се продаваа…
За ручук стигнавме во Славонски Брод, после пристојниот ручек, набавивме една “најубава“ патна карта за “Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија“ (не напишале Албанија и Југославија!!!). Планираниот одмор во градскиот парк го поминавме во “друштво“ на јато комарци. Тука одлучивме да не одиме по пократкиот пат низ Босна, бидејќи ни изгледаше дека ќе има повеќе нагорнини и сумњавме дека ќе ни биде покомплицирано – па го фативме патот за Винковци…
Најжешкиот ден на досегашното патување испадна и “најдолгиот“ ден…
Поради грешно добиените информации од “локалното население“ се прерачунавме со едно 30-40 км, па така во вечерните часови стигнавме до Винковци, ама на “мала душа“ (тоа јас, Гордан – Ване можеше да возе уште…)
Од кога се сместивме во хотелот одлучивме да утре не ставаме во 5 часот како до сега, туку да се наспиеме, појадеме во хотелот па дури после продолжиме….
23.07.2010
Како што и беше договорот не станавме во 5, туку дури во 5 и 15….
Се спремивме полека, бидејќи секако појадокот почнуваше во 6, појадивме и одморени, најадени и залетавме на Србија. Последните километри во Хрватска поминуваа низ села кои уште имаа траги од војната….
Во раните утрински часови стигнавме на српската граница. Во полицајската куќичка немаше никој, па отидовме кај царинарниците да прашаме како оде редот. Но уште непоставено прашањето се појави некој полицаец од некаде и почна да ни држе предавања како во “таа држава“ има ред и дека ќе не врати назад бидејќи ние не го респектираме него – полицаецот!!! Со сите сили се воздржав да не парашам каде е тоа “назад“. После така добра лекција од право и ред, (изгледа човекот бил во пионерската школа во Кумровец, а и жена му не му …. таа ноќ, па нас ни се истреси), дојдовме пак кај царинарникот. Шо носиме не праша, ама од каде идиме, каде одиме, како оде работата. Првите заклучоци од нег беа (со чудење): “ви сте блесави“ “ ма ни сте нормални“. На “разделбата“ пријатниот цариник не послужи со по едно ладно сокче и ни посака добар пат (после 20 години поминување низ разни граници ни се случи неможното: ЦАРИНИК НЕ ПОЧАСТИ!!!). Влеговме во една држава а доживеавме конфликт на култура и однесување, од една страна арогантниот полицаец кој уште живее како да е во времето на Тито, и од страна на култура не примил ниту грам, а од друга страна цариникот кој спрема нас постапи како секој нормален човек кој ќе се најде во интересна ситуација…
На патот до Шид не забележавме ништо, мислите и муабетот ни беа концентрирани на ситуацијата која ја доживеавме на границата.
Во Шид следното среќавање со “комунизмот“. Во центарот на Шид ја “одбравме“ банкта со најголемата зграда за да смениме пари. После 15 минути Ване испадна од банката изнервиран ама без сменети пари. И покрај големата зграда, и покрај многубројните шалтери – во банката само се чекало… Отидоме зад ќошето најдоме менувачница и кафе-бар, смениме пари ги испивме кафето и пак на точаците. Патот беше стар , ама имаше гланц нови дупки… После малата закуска некаде пред Сремска Митровица видовме и лубеници, ама бидејќи веќе бевме сити а да товариме лубеница ни изгледаше не на место продолживме понатаму со надеж дека еднаш на право место ќе најдиме лубеница…
Патот околу Сремска Митровица потсеќаше на “турско“ – тоа не беа коцки – тоа беше калдрма…Но како возевме во правец Шабац така патот беше се подобар, а сообраќајот се пореток. Така да скоро со саати никој не ни сметаше или ни на некој. Тука почна да ме убива монотонијата на вртењето…. само вртиш на педалата и ништо не те интересира…. Преку Лајовац, Горни Милановац во касните вечерни часови стигнавме во Краљево. Но уморот не ни беше проблем оваа вечер. Проблемот беше утрешната рута. Преку Косово или не??? Тоа беше големото прашање. После појадокот кој го добивме одвечер, консултација со локалното население и долг разговор, колку и што изгледаше рутата преку Косово примамлива, фактот дека после од Скопје треба да одиме преку Куманово за Штип, а малку и мојата несигурност да одам преку Косово, одлучивме да возиме преку Крушевац, Лесковац…. – не преку Косово.
24.07.2010
Утрото повторно во 5:00 тргнавме во правец Крушевац.
Патот по течението на Западна Морава беше повторно по моја мерка – само рамно… и ако сред лето возењето во утринските часови ги поминавме во магла. На овој дел од нашето патување бевме “конфронтирани“ со неубави работи. На безкрајно правиот пат на скоро секои 200-300 метри имаше “одбележија“ на загинати… а секое село два до три каменоресци. Во Крушевац повторно појадок со јогурт и нешто што требаше да биде бурек. Во Крушевац единствено што забележавме и што беше поинаку од секој град до сега – гожвите пред баките и поштите. многубројни пензионери, а и други, чекаа “ред“ – на купче. Од Крушевац правецот за Ниш/Лесковац го зедовме “најкраткиот“ пат – “преко брда и долине“. Барајќи место за ручек стигнавме до Дољевац. Ресторант не сретнавме, па во самопослугата во Дољевац си купивме по некоја паштета, шунка, сирење за да јадиме. Само што испаднаме од продавницата и го прашавме приот човек каде има нешто како парк каде би седнале да јадиме и одмериме саат/два, го видоме ресторантот, а човекот кој го прашавме за парк ни објасна дека парк или нешто слично немаат, ама газдата на ресторантот има убав двор па него да го прашаме. На тоа и газдата на ресторантот не покани да седниме на терасата од ресторантот и се раскомотиме. Ни дозволи да купениот ручек на терсата го јадиме, а и да се раскомотиме колку што сакаме. Од негова страна ни донесе и чинии и прибор, а пијалокот кој си го купивме во самопослугата го стави во фрижидерот да се ладе. Се најадивме, се напивме кафе, се одмориме саат а кога се заоблачи малку одлучивме да продолжиме… Во попладневните часови стигнавме до Лесковац се со осет дека секој момент ќе почне да врне дожд. На излезот од Лесковац повторно дојде да пред нас стои – забрането за велосипеди. Како нарачани од некаде се појави полицијска патрола, на прашањето како да возиме до Врање добивме одговор “ма пичи правим путем“! Но бидејќи не сакаше да одговара ако друг колега не сретне, го одбравме “стариот грделички пат“ кој беше еден од подобрите во Србија досега и ако името му беше стариот. Така на споредниот, без многу возила пат ни се случи нешто што со денови го чекаме – грбен ветар. Дваесетината километри од Лесковац до Грделица ги поминавме со просечна брзина од едно 38-40 км/ч (дури и ниа на Тур де Франс ќе ни завидуваа на тој просек). Бидејќи во Грделица заврши “стариот пат“ т.е. понатаму беше во изградба, се качивме на магистралниот пат низ Грделичката клисура. Ги ставивме сите сигнални лаби и се облечиме да светиме како елка и правец – Предијане. Тука дознавме дека овој пат го користат сите велотуристи и спортисти на велосипеди. Па така се пуштивме повторно по патот овој пат до мотелот Џеб, каде се сретнавме со фам. Џониќ кои се враќаа од Грција. По кратката пауза, терани од желбата да пред да се стемни испадниме од клисурата, од грбниот ветар и од стравот се пуштивме по патот кој за наша среќа беше толку полн со возила да неможеа да возат брзо. Пред мракот не само што испаднавме од клисурата туку подржани од ветерот стигнаме доста далеку што одлучивме да дневната цел биде Врање. На едно 20-25 километри пред Врање почна да се замрачува па одлучивме да повторно го земиме стариот пат…. Веќе беше скоро темно кога стигнавме во Врање предводени од Слободан, кој го запознавме на неколку километри пред Врање. Се сместивме во пансионот Папилон и скроз најзадоволни слеговме на вечера во ресторантот каде човечки се најадиме и одмориме.
25.07.2010
Уште предходниот ден ни беше јасно дека денеска ќе биде последниот ден од нашето патување. Без да го “навиеме саатот“ станавме пак во 5 часот. Влечени од носталгијата и туркани од грбниот ветер, кој и денеска не не остави на цедило, последните километри во Србија поминуваа брзо. Тука веќе ни беше досадно да гледаме наоколу, единствено сакавме што побрзо да стигниме до границата. Кога стигнавме до границата, на српската страна поминавме брзо, една-две фотографии пред таблата каде пишува «Република Македонија» и после сите што чекаа на влез во Македонија ги претицаме и први на границата! Без многу зборови полицаецот не пропушти, а царинарниците ги интересираше од каде доаѓаме и колку време возиме… Во Куманово се опремивме со денари и појадок, појадивме и продолживме да го користиме ветерот кој не пратеше/туркаше се до Штип. Во Лакавица, кај братчедите на Ване, го уживавме првиот македонски оброк одморивме околу саат-два и продолживме, сега секој на своја страна, Ване за Радовиш јас за Кавадарци. Во касните попладневни часови конечно стигнав дома, и тато частеше – лубеница !!!











